БРЕД ПИТ МОРА ДА ПЛАТИ МИЛИОН И ПОЛ ЕВРА НА ФРАНЦИЈА: Мисли дека ќе го реши неговиот голем проблем со Анџелина
Холивудскиот актер Бред Пит (59) повторно се најде во неволја поради лозје koe го купи со поранешната сопруга Анџелина Џолина југот на Франција.
Добил сметка во износ од милион и пол евра данок, бидејќи бизнисот на лозјето Шато Миравал пораснал, пишува Дејли Мејл. Актерот не се налутил поради високата сметка смета дека е доказ дека вложувањата и трудот му се исплателе.
Пит исто така мисли дека данокот ќе му помогне во неговата правна битка со Анџелина, која тврди дека ги потрошила парите на проекти во лозјето, вклучувајќи базен и раскошни скали.
Запомнете, Бред и Анџелина купија лозје во Прованса во 2008 година, а сега со години се на суд поради тој имот. Анџелина тајно ја продаде својата половина на руски олигарх во 2021 година.
– Бред го изгради овој бизнис од темел преку крв, пот и солзи со неговиот деловен партнер Марк Перин. Анџелина можеби е една од најпрепознатливите жени во светот, но не би рекле дека претприемништвото е нејзината силна страна. Таа не може сама да подготви бања, а камоли да води лозје – изјави извор близок до актерот.