Најмалку 100 загинати во нападите на израелската војска врз Газа

 Најмалку 100 лица загинаа, а над 20 се повредени во нападите на израелската војска во подрачјето на Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, јави палестинската агенција ВАФА.

Здравствените власти потврдија дека најмалку уште 100 лица се под урнатините.

Наведено е и дека повеќе лица се загинати и ранети во нападите на окупаторските авиони што со силен артилериски оган гаѓале различни делови на градот, како и во жестоките воздушни напади врз северните делови на градот Хан Јунис, кој се наоѓа во јужниот дел на Појасот Газа.

Жестоки експлозии одекнуваа и во централниот дел на Појасот Газа, а сѐ уште нема информации дали има загинати или повредени.