Бремената ријалити-ѕвезда Кортни Кардашијан ја сподели утринската рутина со обожавателите, а тие целосно збеснаа: “Не би го преживеала ти тоа…“
Бремената ријалити-ѕвезда Кортни Кардашијан (44 г.) ја сподели својата утринска рутина со сопругот Тревис Баркер (47 г.), на што многу обожаватели реагираа негативно.
Кортни Кардашијан во објава на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели линк до написот „Како да се стане утринска личност“. Водичот содржи информации за тоа како да го прилагодите распоредот и да ги промените вашите навики. Заедно со линкот, таа сподели фотографија со Тревис Баркер од парот како лежи во кревет со послужавник со храна во скутот.
Обожавателите брзо забележаа што има на послужавникот – две мача лате кафиња, мала шолја за еспресо, салфетки и две лажици. Дополнително, го забележале и временскиот печат што таа го ставила на фотографијата, што значи дека е 11:05 часот.
„Тоа е 11:55 часот, а ти очигледно се уште си во кревет и доручкуваш во него“, истакнал еден од обожавателите.
„Размислувате како да станете рано односно попладне ? Или нешто пропуштив?“, гласи друг коментар оставен од нејзините обожаватели.
„Ова е чудно, утринска личност во 11 часот ?“, прашува друг во коментарите.
„Оваа жена не би преживеала доколку навистина се разбуди наутро, пред да изгрее сонцето. Таа е толку смешна“, гласи друг коментар.
Додека многумина ја критикуваа објавата на Кортни Кардашијан, некои ја сфатија како шега.
„Луѓето премногу сериозно ги сфаќаат нејзините глупави објави“, гласи коментарот за поддршка под објавата.
Коментираа и дека им се чини дека таа се исмева себеси и дека утрото во 11 часот е оправдано затоа што е бремена.
Таа во јуни оваа година на јавноста и откри дека го очекува своето прво дете со сопругот Тревис Баркер. Ријалити-ѕвездата ја откри веста на јавноста додека на сцената настапуваше тапанарот на Blink 182, а таа држеше натпис на кој пишуваше: „Тревис, јас сум бремена“.Откако го видел натписот, тапанарот скокнал од бината и страсно ја бакнал партнерката.