ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ – Рубљата падна на најниско ниво во последните 16 месеци поради падот на рускиот извоз

Рубљата падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 16 месеци, бидејќи недостатокот на приходи од извоз и зголемените воени трошоци го зголемуваат притисокот врз руската економија.

Руската централна банка денеска соопшти дека размислува да ја зголеми основната каматна стапка на следниот состанок за да ја стабилизира инфлацијата.

Централната банка за падот на вредноста на валутата ги обвини падот на обемот на извозот и зголемената домашна побарувачка за увоз.

Рубљата доживеа турбулентен курс откако Русија ја нападна Украина во февруари 2021 година и падна на рекордно ниска вредност.

Падот на рубљата се забрза по јунскиот бунт на Евгениј Пригожин и неговата група платеници Вагнер, бидејќи Русите решија да префрлат пари на странски сметки.

Минатата недела, руската централна банка презеде чекори за стабилизирање на рубљата, задржувајќи го купувањето на девизи до 2024 година.

На краток рок, послабата рубља би можела да им помогне на властите да ги финансираат нивните тешки воени трошоци