БРЗА АКЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Полиција во Струмица ги фати крадците за 12 часа

Полициски службеници на СВР-Струмица за помалку од 12 часа фати двајца крадци кои извршиле тешка кражба во куќа во струмичкото село Куклиш. Портпаролот на СВР-Струмица, Александра Трајанова во пишано соопштение наведува дека на 22 декември полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода 48 годишниот  Ж.М.  од село Куклиш, струмичко и 46 годишниот Л.М. од Струмица.

-Ж.М. се сомничи дека на 21.12.2023 извршил тешка кражба во куќа во село Куклиш, струмичко, од која одзел метален сеф во кој имало пари, златен рачен часовник „Ролекс“ како и други предмети. При претрес на Ж.М. биле пронајдени дел од одземените пари, а во службениот разговор тој го признал делото, по што го посочил и местото каде го фрлил металниот сеф, се вели во  соопштение на СВР-Струмица.

Во него се посочува дека вториот сторител Л.М. се сомничи оти му помогнал на Ж.М. да прикрие предмети кои ги одзел при кражбата, односно при претрес на дом и други простории сопственост на Л.М., извршен со судска наредба, во дворното место била пронајдена закопана тегла во која биле дел од украдените предмети.

Лицата се задржани во Полициската станица -Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.