Кремљ: Треба да има хуманитарен прекин на огнот во судирите во Газа

– Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, истакна дека треба да има хуманитарен прекин на огнот во судирите во Појасот Газа, нагласувајќи дека ситуацијата е исклучително тензична и катастрофална од хуманитарен аспект.

Песков одржа прес-конференција во рускиот главен град Москва, на која говореше за израелско-палестинскиот конфликт.

Тој нагласи дека продолжува „воената операција“ на израелската војска, и додаде: „За нас е многу важно во оваа состојба да има хуманитарна пауза на судирите и да се задоволат хуманитарните потреби на цивилниот народ во Газа.“

„Сигурно дека за нас е важно и руските граѓаните да имаат можност да ја напуштат Газа. Нашите дипломати работат во оваа насока. Ситуацијата е исклучително тензична и катастрофална од хуманитарен аспект“, рече Песков.

Запрашан „Дали е планирано рускиот претседател Владимир Путин да има разговори со лидерите на земјите од регионот?“, Песков одговори: „Секој ден се реализираат разговори на работно ниво, но не се планирани разговори на највисоко ниво.“

Песков рече дека обезбедиле хуманитарна помош во конфликтната зона и дека ќе продолжат со овие активности.