Брза пита со јогурт готова додека трепнете: Вкусот и мирисот што сите ги сакаме

Питите со векови ги красат нашите трпези. Такви се денес, не само што се многу лесни за подготовка, туку и дел од омиленото јадење на нашиот народ.

Не постои еден „вистински“ рецепт за пита, бидејќи можностите како да се направат се навистина отворени, но затоа домаќинките со текот на времето станувале се поинвентивни и создавале рецепти за секого. Оваа пита со јогурт што ја правиме денес е многу едноставна и ќе ви одземе нешто повеќе од 10 минути за печење.

Затоа, засукајте ги ракавите и подгответе се да го воодушевите семејството со прекрасен појадок.

Состојки за пита со јогурт:

  • едно пакување кора за пита (500гр)
  • 3 јајца
  • 500 мл јогурт
  • минерална вода
  • 1 дл масло или половина шолја
  • сол
  • сирење по желба

Подготовка на пита со јогурт:

Во еден сад кршете ги јајцата и додајте јогурт, масло и малку кисела вода, само за да се „избие“ густината на смесата.

Сето тоа измешајте го и ако сакате издробете го и додадете сирење. Доколку сакате да ја направите питата со сирење, ви препорачуваме да биде малку посолена и постаро сирење.

Вклучете ја рерната да се загрее до 200 степени.

Додека рерната се загрева, плехот за печење намачкајте го со масло. Питата можете веднаш да почнете да ја редите во самата тава или ако сакате да ја виткате во ролат.

Извадете две кори и ставете ги една врз друга.

Распоредете ја смесата, па повторно преклопете со две кори. Повторете ја оваа постапка и преклопете ја питата со две кори за да завршите.

По желба можете да ја завиткате питата и да ја префрлите во плехот за печење.

Печете ја питата на 200 степени околу 15 до 20 минути. Доколку е потребно, намалете ја моќноста на рерната.

Пријатно!