Брзо и лесно: Мини пици од стар леб

Еден од најдобрите начини да го искористите стариот леб.

Потребни состојки за 3 лица:

-9 парчиња стар леб

-2 јајца

-150 мл млеко

-сол, оригано, босилек

-200 г шунка

-150 г кашкавал

-50 г моцарела

-малку кечап

-маслиново масло

Начин на подготовка:

Исечете го лебот на парчиња. Изматете јајца и млеко, додадете сол и бибер.

На плех ставете хартија за печење. Наредете ги парчињата леб и на секое парче со лажица распоредете од смесата со јајца и млеко. Вака лебот од внатре ќе омекне, а надвор ќе остане крцкав.

Ставете од шунката и кашкавалот, потоа додадете кечап и посипете го секое лепче со оригано и босилек.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени 10 до 15 минути.