“БРЗО НАПУШТЕТЕ ЈА ОВАА ЗЕМЈА“ – Германија предупредува да не се патува кон Блискиот Исток: “Не е исклучено ширењето на конфликтот“
Министерството за надворешни работи на Германија ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Либан и веднаш да ја напуштат таа земјата.
Како што објави Министерството за надворешни работи на Германија на својата веб-страница, не може да се исклучи натамошното влошување на ситуацијата и ширењето на конфликтот, особено ако се земе предвид убиството на еден од лидерите на Хамас, Салех ал-Арури во областа на главниот град Бејрут, пренесува медиумската агенција Reuters.
Властите во Германија забележуваат дека предупредувањето конкретно се однесува на јужните делови на Либан, вклучувајќи ги и јужните урбани области на градот Бејрут.
Салех ал-Арури, кој беше убиен во вторникот, беше заменик-лидер на Хамас во странство и де-факто лидер на военото крило на Хамас на Западниот Брег.