И ПОЗНАТ НАУЧНИК ГО ПОСЕТИЛ ОСТРОВОТ КАДЕ ЦАРУВАЛА ПЕДОФИЛИЈАТА – Џефри Епштајн се плашел неговото име да не протече во јавноста: “Најдете некој што ќе негира дека Стивен Хокинг беше на оргии“

Објавените документи на мултимилионерот Џефри Епштајн покажуваат дека тој испратил е-пошта на својата поранешна љубовница, Гислајн Максвел, за да негира дека познатиот светски научник, Стивен Хокинг, учествувал во малолетнички оргии на неговиот приватен остров.

Објавените документи покажуваат дека Џефри Епштајн разменил електронски пораки (е-пошта) со Гислајн Максвел во кои тој ги негира тврдењата дека Стивен Хокинг учествувал во малолетничка оргија.

Во е-пошта испратена од Џефри Епштајн до Гислајн Максвел на 12. јануари 2015 година, тој ја замолува да види дали некој од пријателите или семејството на Вирџинија Џуфре, која била една од девојките на островот, ќе излезе да докаже дека таа лаже и дека нејзините обвинувања се измислици.

Доделете награда на кој било од пријателите, познаниците или семејството на Вирџинија Џуфре што ќе излезе и ќе помогне да се докаже дека нејзините обвинувања се лажни“, напишал тој во е-поштата.

Фотографиите покажуваат дека славниот физичар го посетувал озлогласениот остров на Џефри Епштајн во 2006 година за време на конференцијата наводно финансирана од милионер на соседниот остров Сент Томас.

Сепак, не е јасно зошто бил на островот – или зошто Џефри Епштајн сакал да ги негира наводите за оргии, иако е познато дека поканил познати личности за кои признал дека уживаат во неговото гостопримство.

Наводно, Стивен Хокинг е виден на фотографија како присуствува на вечера на островот, објави The Telegraph.

Кој беше Стивен Хокинг ?

Стивен Хокинг е најпознат по неговото откритие дека црните дупки испуштаат радијација што може да се открие со специјални инструменти, според НАСА.

Роден е во 1942 година, а во 1963 година, непосредно пред неговиот 21 роденден, му била дијагностицирана болест на моторните неврони. Поголемиот дел од животот бил врзан за инвалидска количка.

Стивен Хокинг имаше три деца со својата прва сопруга Џејн Вајлд помеѓу 1960-тите и 1970-тите години.

Кои се познати фаци се наоѓаат на објавените документи ?

Да потсетиме, во средата вечерта беа објавени 946 страници од судските документи од тужбата на Вирџинија Џуфре против Гислајн Максвел. Се очекува, покрај принцот Ендрју и Бил Клинтон, во документите поврзани со Џефри Епштајн да се споменува и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Според ABC NewsБил Клинтон се споменува во повеќе од 50 редактирани документи.

Сите негираат дека работеле со Џефри Епштајн или дека имале некаква вмешаност со малолетни девојчиња, а ниту еден од споменатите не е обвинет. 

Џефри Епштајн, кој имал 66 години во моментот на неговата смрт, беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија на 10. август 2019 година, а причината за смртта беше наведена како самоубиство. Тој беше уапсен на 6. јули истата година, кога беше обвинет за трговија со луѓе. Тој се изјасни за невин по обвиненијата.