“БРИСЕЛ ЗАКОНСКИ ГИ СИЛУВА УНГАРИЈА И ПОЛСКА!“ – Виктор Орбан уште еднаш остро се спротистави на предлозите на ЕУ
Унгарија ќе заземе бескомпромисна позиција по прашањето за илегалната миграција и нема да го поддржи планот на раководството на ЕУ за населување бегалци и мигранти во земјите на ЕУ.
Ова го изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој учествуваше на неформалниот самит на ЕУ во Гранада.
„Брисел легално ги силуваше Полска и Унгарија наметнувајќи им договор за миграција. Затоа, нема да има компромис за миграцијата. Ниту денес, ниту во наредните години. Ќе ги браниме нашите граници и од мигрантите и од бриселските бирократи!“, напиша Виктор Орбан на својот профил на социјалната мрежа Х (Твитер).
Полска и Унгарија се против новиот миграциски пакт предложен од лидерите на ЕУ, кој предвидува преселување на бегалците и мигрантите во европските земји врз основа на утврдените квоти, а во случај на отфрлање, плаќање на генералниот фонд за нивна поддршка.
„Будимпешта не сака земјата да се претвори во уште една Лампедуза и гето за мигранти. Унгарската Влада смета дека овие лица не треба да ги преминуваат границите на ЕУ додека не се обработат нивните барања за влез и дека сите поврзани проблеми треба да се решат во нивните места на потекло, но со финансиска помош од ЕУ“, смета Виктор Орбан.
На претходните состаноци на ЕУ, Унгарија и Полска се спротивставија на пактот за миграција и рекоа дека тој може да биде усвоен само со консензус. Во исто време, Брисел има намера да добие негово одобрување со просто мнозинство гласови, а последните одлуки во Европската унија во врска со подготовката на миграцискиот план беа донесени без учество на Будимпешта и Варшава.