Британија: Медицинска сестра во неонатален оддел е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња

 – Медицинска сестра од одделот за неонатологија во британска болница денеска е прогласена за виновна за убиство на седум бебиња и обид за убиство на уште шест.

Луси Летби (33) беше обвинета за убиство за смртта на пет машки и две женски новороденчиња, како и пет обиди за убиства на машки бебиња и пет обиди за убиства на девојчиња помеѓу 2015 и 2016 година кога работела во болницата во Честер во Северна Западна Англија.

Таа беше обвинета за намерно повредување на новородените бебиња на различни начини, вклучително и вбризгување воздух во нивните крвотоци и внесување воздух или млеко во нивниот стомак преку назогастричните цевки (цевките што одат од носот до желудникот).

Таа, исто така, беше обвинета за труење бебиња со интровенозно додавање инсулин и оштетување на цевките за дишење.

Летби се изјасни дека не е виновна за ниту едно од обвиненијата.

Поротата составена од седум жени и четворица мажи расправаше 22 дена пред да донесе пресуда. Еден од поротниците од првичниот совет не учествуваше во постапката откако побара да биде изземен од лични причини.

Потоа судијата им даде право на поротниците да донесат пресуда со 10 гласа наместо потребната едногласност.