Штом наполни 18 години се омажи за својот братучед! Оваа ромска свадба е вистинско лудило: Цел град бил поканет на свадбата, а младоженецот имал 73 кумови! (фото/видео)

18-годишната Шантел Кили се омажила за својот братучед Џим за време на „сезоната на венчавки“ во нејзиниот роден град во Ирска. Нивната венчавка привлече големо внимание и беше прикажана во епизодата на ,,My Big Fat Gipsy Wedding”. Тие се Роми од Ирска, кои поминуваат дури десет месеци годишно патувајќи низ светот, а потоа се враќаат дома во декември за сезоната на свадби.

Свадбата на Шантел и Џим беше посебна не само затоа што тие се братучедите (овие бракови се легални во ОК и Ирска) туку и затоа што целиот град беше поканет на прославата!

Фустанот на невестата бил украсен со 20.000 кристали, а бил дело на омилениот моден дизајнер во заедницата на „патувачките луѓе“.

Шантел имала седум деверици додека младоженецот дошол на настанот со дури 73 кумови, а целата прослава ја одбележала големата Барби торта.

Дизајнерката која го креираше фустанот на невестата, Телма Мадин, вели дека тие се многу фини луѓе.

– Девојките овде во Раткил се многу почитувани. Сакаме да кажеме дека ирските „патници“ се враќаат 50 години наназад, но девојките од ова место се враќаат 100 години наназад. Сите тие се едно семејство и мислам дека тоа е причината што ова место е толку богато – изјави таа.