ка најмногу го загрижува континуираната закана на рускиот претседател Владимир Путин, се поагресивната Кина и терористичките групи што се уште не исчезнале.
„Кон крајот на деценијата, светот ќе биде многу понебезбеден. Мислам дека ќе се најдеме во конфликт. Без разлика дали станува збор за ладен или топол конфликт, мислам дека ќе бидеме во тешка позиција“, рече британскиот министер.
Како што наведе, негова најголема грижа е опасноста од воен конфликт со Русија.
„Ако Путин загуби во Украина, ќе биде длабоко ранет. Тој се уште има воздухопловни сили и морнарица – и ја гледаме неговата морнарица како прави неколку прилично агресивни маневри. Путин се уште не е готов со нас. Ќе бара виновници“, предупредува министерот.
Додека заканата на Путин за употреба на нуклеарно оружје се повлече, делумно затоа што и Кина и Индија јасно му ставија до знаење на Кремљ дека тоа би било неприфатливо, Волас рече дека Русите имаат доктрина за користење тактичко нуклеарно оружје, што според него е анатема за сите.
Според него, еден од начините на кој Русија би можела да ја осакати Велика Британија е да ги оштети подморските кабли што носат комуникациски врски и снабдување со енергија.
„Русија има способност да нападне критична инфраструктура на морското дно, без разлика дали се работи за оптички влакна или гас и нафта. Имаат бродови и подморници за тоа… 40 отсто од енергијата во Европа сега доаѓа од норвешките наоѓалишта на гас. Замислете колку е тоа ранливо“, додаде тој.
За тероризмот, тој предупредува дека Британија би можела да биде вовлечена во жестока војна во Африка, каде Ал Каеда и Исис ја загрозуваат иднината на националните држави.
„Можеме да видиме оживување на Исламската држава или Ал Каеда во Африка, што ќе не поттикне да дејствуваме на меѓународно ниво.Ал Каеда во Африка расте бидејќи некои влади не се во состојба да им се спротивстават“, додаде Волас.
Тој зборуваше и за експанзионистичките активности на Кина во Јужното Кинеско Море, каде Пекинг гради нови острови и стационира воена опрема.
„Може да се очекува целосен распад на политиката во Пацификот и би можеле да се најдеме во позиција на студена војна до 2030 година“, предупреди британскиот министер.
Општите избори мора да се одржат во Британија во следните 18 месеци, додека реконструкцијата на кабинетот на Риши Сунак се очекува во септември, пишува „Тајмс“.