Инженерите инсталираа „значителна количина опрема“ и нова врска помеѓу имотот на премиерот во Северен Јоркшир и Електродистрибуција
Британскиот премиер Риши Сунак ангажирал локална компанија за дистрибуција на електрична енергија за да го подобри греењето на базенот во неговата селска куќа, во време кога десетици јавни базени во Велика Британија се затвораат поради вртоглаво зголемените сметки за енергија, пренесува „Гардијан“.
Инженерите инсталираа „значителна количина опрема“ и нова врска помеѓу имотот на премиерот во Северен Јоркшир и Електродистрибуција. Сунак, наводно, ќе плати за надградбата од свој џеб, а трошоците се проценуваат на „десетици илјади фунти“.
Сунак наводно го купил имотот во 2015 година за 1,5 милиони фунти (1,8 милиони долари). Одржувањето на загреаниот базен долг речиси 40 метри ќе го чини околу 13.000 фунти (15.600 долари) годишно, според Дејли мејл.
Повеќе од 60 јавни базени ќе бидат затворени низ Велика Британија меѓу 2019 и 2022 година поради зголемените трошоци за енергија и недостиг од хемикалии, објави Би-Би-Си.