БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР ИЗНЕНАДЕН: Не можеме со сигурност да кажеме дали Русија ја уништи браната во Украина

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Нова Каховка на југот на Украина.

– Не можам да го кажам тоа дефинитивно. Нашите разузнавачки и воени служби работат на тоа, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање, пренесува Ројтерс.

Тој посочи дека доколку се докаже дека браната е намерно урната, тоа ќе биде ново дно.

– Тоа е чин на варварство од руската страна, рече Сунак.

Руските власти тврдат дека Украина ја саботирала браната Каховка со цел да го сврти вниманието од неуспешната контраофанзива и да го прекине водоснабдувањето на Крим.

Киев, пак, тврди дека руските сили одвнатре ја разнеле хидроелектричната брана Каховка, која Москва ја стави под своја контрола на почетокот на нападот врз Украина.