Британскиот премиер на удар поради патики

Британскиот премиер Риши Сунак се најде на удар на британската јавност поради патиките кои ги носеше за време на интервјуто.

Зборуваше за фискалната политика и политиката за заштита на децата, но тоа беше ставено на втор план поради неговиот моден избор. Имено, тој се одлучи за моделот на патики Adidas Samba.

Голем број граѓани на социјалните мрежи се изјаснија дека премиерот залудно се обидува да им удоволи носејќи патики кои вообичаено ги купуваат „обичните“.

“Самба. Изгледа сега е еден од нас”, “Неговите патики навистина ми помогнаа ова видео да биде лесно разбирливо и поврзано со работите што ги кажа”, се дел од коментарите.

По бројните критики, Сунак реши да проговори и да се обиде да се оправда пред „самба заедницата“, како што тој ја нарече.

„Во моја одбрана, носам патики на Adidas Samba и други модели многу, многу години. Останувам заинтригиран и забавен од количината на внимание посветено на тоа што го носам“, нагласи тој.

Тој изјавил и дека брат му одамна за Божиќ му го купил првиот пар Адидас патики, а тој останал верен на овој бренд.