Британскиот премиер планира да побара ограничување на цените на основната храна

Најновите бројки на Канцеларијата за национална статистика (ONS) покажуваат дека цените на храната продолжиле да растат брзо, достигнувајќи ја највисоката стапка на раст во речиси 45 години.

Британскиот премиер Риши Сунак планира да побара од трговците на мало да воведат ограничувања на цените на основните прехранбени производи, како што се лебот и млекото, во обид да се справи со зголемените животни трошоци, јавува Анадолија.

Телеграф објави дека Даунинг стрит развива стратегии за справување со инфлацијата, при што тим од помошници кои работат под Сунак започнуваат разговори со супермаркетите, инспирирани од сличен аранжман во Франција.

Планот вклучува големите трговци на мало да се обврзат да наплаќаат најниска можна цена за избраните основни прехранбени производи.

Весникот, повикувајќи се на извор од Министерството за финансии, објави дека инфлацијата кај прехранбените производи е многу потешко да се реши отколку што очекувале.

Се наведува и дека разговорите со трговците се во прелиминарна фаза.

Инфлацијата на потрошувачките цени во Велика Британија во април се намали на 8,7 отсто на годишно ниво, откако во март достигна 10,1 отсто.

Најновите бројки на Канцеларијата за национална статистика (ONS) покажуваат дека цените на храната продолжија да растат брзо, достигнувајќи ја највисоката стапка на раст во речиси 45 години.

Иако стапката на раст на цените на храната благо забави до април, таа сепак изнесуваше 19,1 отсто.