ИЗДАДЕНО ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ! Избегнувајте ги овие места

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција.

По силниот земјотрес, жителите на околината добија предупредување за опасност од лизгање на земјиштето.

Предупредувањето, издадено од Службата за кризни комуникации 112 на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, беше активирано во префектурата Ханија, по земјотресот со јачина од 4,9 степени.

– Поради сеизмичко тресење во вашето подрачје, избегнувајте опасни подрачја (кањони, карпи), ризик од лизгање на земјиштето. Следете ги инструкциите на властите – се предупредува во пораката 112 до жителите на јужна Ханија.

Земјотресот се случил во 10 часот и 40 минути и бил почувствуван во западните предели на Крит.

Земјотресот е почувствуван во Палеохора, Суга и Сфакија , а засега нема информации за штети.

Се потсетува дека рано утринава во истото подрачје се случи слаб земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала. Според Геодинамичкиот институт во Атина, земјотресот е регистриран на 41 километар јужно од Палеохора, а длабочината на епицентарот се проценува на 25,8 километри.