Струга ТЛ со победа ја почна одбраната на титулата, Шкендија единствена со гостински триумф

 Со петте денешни натпревари од првото коло почна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Шампионот Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога против Гостивар.

Домашниот терен го одбранија уште и АП Брера, Брегалница и Тиквеш, додека единствено Шкендија ги освои бодовите на страна.

Резултати 1. коло во ПМФЛ сезона 2023/24:

АП Брера Струмица – Вардар 1:0
Брегалница – Силекс 2:1
Струга ТЛ – Гостивар 2:0
Тиквеш – Македонија ЃП 1:0
Воска Спорт – Шкендија 0:1.