Потоп во Белград! Невремето во Србија не се смирува, реките носат сè пред себе (фото)

И попладнево во цела Србија беше облачно и релативно свежо, повремено со врнежи од дожд и грмежи. Малку по 16:00 часот, многу обилни врнежи со грмежи го зафатија Белград. За среќа, невреме како вчерашното не се повтори.

Во овој час, грмотевиците со обилни врнежи од белградско се префрлија над Банат и ќе се движиат поисточно кон Романија.

Вториот систем низ југоисточниот дел на Србија се движи кон Бугарија, а третиот од западниот дел на Србија кон долината на Западна Морава.

Покрај пообилни врнежи и посилни грмежи, нема да има опасност од посилно невреме и град.

На територијата на Србија до крајот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд и грмежи. Во вечерните часови се очекува смирување и стабилизирање на времето, така што во текот на ноќта ќе биде суво, на места и ведро.

Попладнево е многу свежо, а потопло е само на југ, југоисток и исток од Србија. Најстудено е на север и запад од Србија и во Белград со 18°C, а најтопло е во Лесковац со 28°C.