Населението на Пакистан достигна 241,49 милиони жители

Според дигиталниот попис на населението, кој првпат се спроведува во Пакистан, бројот на населението во земјата се искачи на 241,49 милиони жители.

Во соопштението на Агенцијата за статистики на Пакистан се наведува дека бројот на населението со годишен раст од 2,5 отсто достигна 241,49 милиони жители.

Што се однесува на најголем број жители по покраини, покраината Пенџап е домаќин на 127,68 милиони жители, по која следуваат Синд со 55,69 милиони жители, Хајбер Пахтунхва со 40,85 милиони жители и Белуџистан со 14,89 милиони жители.

Од друга страна, населението во пакистанскиот главен град Исламабад брои 2,36 милиони жители.

Од жителите, 61,18 отсто живеат во рурални подрачја, додека 38,82 отсто од жителите живеат во урбани зони.

Во последниот попис спроведен во 2017 година бројот на населението на Пакистан изнесуваше 207,68 милиони жители.