„Бритиш ервејс“ ќе ги обнови летовите за Израел

„Бритиш ервејс“ соопшти дека во април ќе ги обнови летовите за Израел, откако ги прекина во октомври поради безбедносни ризици по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.

Авиокомпанијата, која е во сопственост на авијацискиот конгломерат ИАГ регистриран во Лондон, соопшти дека „ќе ги продолжи летовите до Тел Авив на 1 април“. Рутата ќе сообраќа четири пати неделно, но со помали авиони отколку пред конфликтот, поради очекувањата за послаба побарувачка.

Многу авиокомпании ги суспендираа летовите за Израел по почетокот на војната, но неколку оттогаш најавија нивно продолжување – вклучувајќи ги Ер Франс, Луфтханза и Рајанер.