БРИТНИ СПИРС НАПАДНАТА ВО ЛАС ВЕГАС! Сакала да се слика со НБА ѕвезда, член на обезбедувањето ја удрил по лице (ВИДЕО)

Поп иконата Бритни Спирс беше нападната во средата во Лас Вегас кога член на безбедносниот тим на НБА ѕвездата, Виктор Вембањама , ја удри со тупаница во лицето.

Имено, Спирс го пријавил нападот во полиција.

Властите во Лас Вегас го потврдија инцидентот за Ролинг Стоун во соопштение од Канцеларијата за јавни информации во Лас Вегас во четвртокот.

Бритни Спирс се огласи по инцидентот.

Мислам дека е важно да се сподели оваа приказна и да се апелира до луѓето во очите на јавноста да дадат пример за третирање со луѓето со почит. Има премногу физичко насилство на овој свет. Често зад затворени врати. Стојам со сите жртви и моето срце е со сите вас!!! Допрва треба да добијам јавно извинување од играчот, неговото обезбедување или нивната организација. Се надевам дека ќе добијам… Ја ценам огромната количина на љубов и поддршка што ја добивам во моментов. Благодарност до полицискиот оддел во Лас Вегас и детективите за нивната поддршка. Исто така, навистина би ценела доколку не се смеат во тој момент. Гледајќи го како се насмевнува на злобен начин и во таа ситуација кога јас сум висока 1,61, а тој 2,25“, напиша Бритни на својот Инстаграм. 

Инцидентот се случил пред ресторанот „Кач“ во хотелот „Ариа“ околу 20 часот и 30 минути, каде Спирс и Вембањаме биле бркани од навивачите.

Спирс го забележа Вембањама додека одеше до влезот на ресторанот и се приближи за да се обиде да се фотографира со него.

Откако ја фати НБА ѕвездата по рамо, реагираше и неговото обезбедување, а таа заврши на земја.

Спирс потоа станала и влегла во ресторанот со нејзиниот сопруг Сем Асгари, според сведоците на ТМЗ.

Виктор Вембањама (19) веќе е голема ѕвезда, бидејќи беше избран за прв пик на неодамнешниот драфт од Сан Антонио.

Младиот Французин го коментираше инцидентот велејќи дека Бритни „го грабнала одзади“.

„Таа личност ми вика: „Господине, господине“ и таа личност ме зграпчи одзади“, рече Вембањама, додавајќи:

“Не видов што се случи бидејќи одев право и не застанав. Таа личност ме грабна одзади. Знам само дека обезбедувањето ја оттурна. Не знам со колкава сила. Не застанав да погледнам , влегов да уживам во убава вечер“, рече тој и ја разбесни јавноста.