Бритни Спирс не сака да ги види своите деца! ,,Јас се грижам за нив а Бритни ќе плати за тоа!” (фото)

Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, бара зголемување на издршката што ја добива за нивните два сина, кои живеат под неговиот покрив.

Моментално добива 40.000 долари месечно за старателство и тврди дека наведената сума е премалку за него.

Иако го делат старателството, откако се преселиле на Хаваи, Кевин се чувствува како самохран родител. Не толку поради далечината, туку поради немањето желба на Бритни да ги види своите синови.

Во ниту еден момент Кевин, познат како К-Фед, не ги спречил своите деца да се видат со нивната мајка, но бидејќи Бритни не покажала никаков интерес за тоа, децата немале ниту желба да се збогуваат за време на преселбата.

Иако моментално добива многу пари, Кевин се заканува дека ќе бара двојно повеќе од 40.000 долари, колку што Бритни редовно му плаќа.