Брнабиќ: Во блиска иднина железничко поврзување меѓу Србија и Северна Македонија преку модерна и брза пруга
– Премиерката на Србија Ана Брнабиќ кажа дека иницијативата Отворен Балкан е отворена за сите од регионот, особено доколку се понудат добри проекти во кои би се вклучиле и држави кои не се од регионот. Според неа, кога имате добри проекти како што е овој, од кои директни придобивки имаат граѓаните тогаш и останатите надвор од овој регион сакаат да се приклучат, спомнувајќи ги Хрватска и Грција. Таа нагласи дека интенцијата е да се донесе транзитниот сообраќај од Европа на Балканот.
– Зошто тоа за нас е важно што Хрватска по сите проценки веќе во август или септември ќе се приклучи на овој проект и што Грција сака да се приклучи, затоа што ние сме во конкуренција со останатите земји и патни транзитни правци да го донесеме сообраќајот овде на Балканот. Затоа што тоа е директен придонес на нашиот БДП, што значи економски раст, зголемени плати и повисоки пензии. Добро е што благодарение на овој проект работиме сите заедно да транзитот од целата Европа го повлечеме овде да се одвива преку Балканот, рече премиерката.
Во однос на проектот „Опен Балкан ИД“ се очекува да почне во август или септември што на граѓаните од овие земји ќе им овозможи преку една лента да патуваат слободно без пасош, лична карта, без да чекаат на граници, што според неа ќе ги мотивира и граѓаните и стопанствениците од останатите земји од Западен Балкан да поттикнат приклучување.
– Очекувам полека сите во рамките на Западен Балкан да се приклучат кон иницијативата Отворен Балкан, а за тоа е потребни ние да имаме што повеќе вакви проекти и да покажеме конкретни придобивки оваа иницијатива и за стопанство и за граѓаните, кажа премиерката.
Таа посочи дека во јуни завршени се преговорите за капиталниот проект, железничко поврзување на коридорот 10 преку како што нагласи, брза модерна пруга помеѓу Белград, Ниш, Прешево, односно граница со Северна Македонија, до Скопје и понатаму кон Грција.
– Тоа е проект којшто ќе го финансира ЕУ и дел од бесповратните грант средства преку Инвестициски фонд за Западен Балкан, така што тоа е во смисла на капитални проекти нареден огромен проект и значајно поврзување помеѓу нашите земји, кажа Брнабиќ.
Таа не очекува градбата да почне пред 2025 кога треба да се заврши проектно техничката документација, но нагласи дека ја отвора таа перспектива за граѓаните во блиска иднина, од Скопје преку брза пруга да се стигнат до Будимпешта и понатаму до централна и Западна Европа.
– И тоа е поинаков Балкан, кажа Брнабиќ на денешниот настан.