Брновиќ е нов амбасадор на САД во Србија

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Марк Брновиќ, поранешен јавен обвинител на Аризона – Американец со српско потекло и член на Републиканската партија – е избран за нов американски амбасадор во Србија.

Задоволство ми е да објавам дека Марк Брновиќ ќе биде нашиот следен амбасадор на САД во Србија. Марк е горд ветеран на Националната гарда на армијата и претходно беше јавен обвинител на Големата држава Аризона. Како син на бегалци кои избегаа од комунизмот, Марк ќе биде силен поборник за слобода и секогаш ќе ја става Америка на прво место. „Честитки, Марк“, напиша Трамп.