БРОЈКИ ОД КОИ СЕ ЗАЛЕДУВА КРВТА – Еве колку луѓе го загубија животот во Појасот Газа до денес од почетокот на војната
Здравствените власти во Појасот Газа контролиран од Хамас денес соопштија дека во двомесечната војна меѓу Израел и Хамас во израелските напади во Појасот Газа загинале најмалку 17.700 луѓе, а 48.780 се ранети.
Лидерите на Хамас, кој го контролираат Појасот Газа од 2007 година, проценуваат дека реалниот број на загинати и ранети е всушност многу поголем бидејќи спасувачките служби и странските невладини организации не можат да стигнат до сите бомбардирани области и да ги извлечат жртвите од урнатините.
Повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел, во нападот изведен од Хамас на 7. октомври, при што беа земени и околу 240 заложници и одведени во Појасот Газа.