ДОНАЛД ТРАМП СЕ ВРАЌА ВО БЕЛАТА КУЌА !? Лоши вести за Џо Бајден од најновите анкети во САД: “Рејтингот на претседателот на најниско ниво досега“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, за првпат заостанува зад Доналд Трамп, според новата анкета на угледниот весник The Wall Street Journal за претседателските избори во 2024 година.

Според весникот, рејтингот на Џо Бајден во моментов е на најниско ниво откако е избран за претседател и го поддржуваат 43 отсто од гласачите, додека 47 отсто од анкетираните го поддржуваат Доналд Трамп.

Водството на републиканецот и поранешен претседател на САД се зголемува на шест процентни поени кога ќе се додадат потенцијалните независни кандидати, кои заедно сочинуваат околу 17 отстоод гласачите.

Најпопуларен меѓу нив е Роберт Кенеди Џуниор, за кого би гласале осум отсто од испитаниците.

Незадоволството од Џо Бајден е сеприсутно во новото истражување, пишува весникот и наведува дека само 23 отсто од гласачите велат дека политиката на Џо Бајден им помогнала лично, додека 53 отсто велат дека политиката на претседателот им наштетила.

Спротивно на тоа, околу половина од гласачите велат дека политиката на Доналд Трамп додека тој лично беше претседател им помогнала, додека повеќе од 37 отсто велат дека им наштетила.

Резултатите од истражувањето претставуваат нов шок за Џо Бајден и неговите демократи, од кои некои отворено изразуваат загриженост дека 81-годишниот претседател не е способен да победи на изборите и да служи како претседател уште четири години.

Во исто време, демократите се повеќе предупредуваат дека враќањето на Доналд Трамп е можно, а според нив, неговиот втор претседателски мандат би претставувал опасност за американската демократија.