Силно невреме на истокот на САД, без струја околу 400.000 корисници

– Силно невреме го погоди источниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), а издадени се и предупредувања за обилни снежни врнежи и поплави.

Центарот за предвидување на невреме наведе дека се регистрирани 12 урагани и дека е причинета голема материјална штета во југоисточните сојузни држави Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина, каде што живеат околу девет милиони луѓе.

Освен тоа, предупреди дека се очекуваат дождови покрај источниот брег и дека може да дојде до поплави во густо населените градови како Атланта, Вашингтон и Њујорк.

Според веб-страницата „Poweroutages“, која ги следи прекините на електрична енергија во земјата, поради силните ветрови без струја се околу 400.000 корисници низ САД, а најмногу се погодени сојузните држави Флорида, Џорџија и Северна Каролина.

Зимските услови во САД влијаеа и на воздушниот сообраќај. Според веб-страницата „FlightAware“, која води статистика за воздушниот сообраќај, откажани се 966 летови, а поради неповолните временски услови 5.580 летови се одложени.

Во Флорида, каде што ураганите се вообичаени, гувернерот Рон ДеСатнис прогласи вонредна состојба во 49 од 67 окрузи во државата поради можноста за „силни ветрови, град и изненадна опасност од поплави“.

Властите исто така предупредија дека од денеска во источниот дел на САД може да паднат до 30 сантиметри снег.

Наведено е дека околу 40 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од неповолните временски услови.