Во израелски напад врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа загинаа 15 Палестинци

– 15 Палестинци загинаа во израелски напад врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Според вестите на државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските воени авиони извршиле воздушен напад врз куќата на семејството Навфел во населбата Тел ес Султан во западна Рафа.

Во нападот убиени се најмалку 15 Палестинци, а голем број се повредени.

Официјални претставници на кувајтската болница во Рафа наведоа дека во болницата биле донесени телата на 15 лица.