Жените признаа: Мажите со оваа карактеристика се најдобри во кревет

Многу фактори влијаат каков љубовнил ќе биде мажот и дали интимната врска ќе биде добра или лоша.

Според една студија објавена во списанието „Socioaffective Neuroscience & Psychology“, една доблест укажува дека мажот може да биде добар љубовник.

Истражувајќи го сексуалното минато на жените, експертите се обиделе да утврдат со какви партнери имале најдобра сексуална врска и редовно достигнувале кулминација.

Жените до 69 години кои не се во врска или брак учествувале во истражувањето бидејќи експертите верувале дека жените во врска би се чувствувале обврзани да му дадат подобра оцена на нивниот сегашен партнер, дури и ако тој навистина не го заслужува тоа. .

Во 70-минутниот тест, испитаниците одговарале на различни прашања за нивниот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле дека најдобри сексуални односи имале со – духовити мажи.

Смисла за хумор

Чувството за хумор се покажа како одличен предиктор за сексуалните вештини бидејќи укажува на тоа дека мажот е опуштен во различни ситуации, вклучително и во интимните, што е важно за добра комуникација меѓу партнерите и, на крајот, добар секс.