Израел: Имаме некои несогласувања со САД но нема да има прекин на огнот во Газа

Портпаролот на израелската влада Офир Генделман изјави дека постојат одредени несогласувања меѓу Израел и Соединетите Американски Држави (САД) и дека израелските власти во овој момент нема да дозволат прекин на огнот во Појасот Газа.

Генделман на прес-конференција преку платформата за видео-конференции Zoom рече дека прекинот на огнот ќе му даде шанса на Хамас да се прегрупира и да се опушти, па Израел нема да го дозволи тоа.

– Може да има прекин на огнот откако ќе го уништиме Хамас – рече Генделман.

Тој истакна дека САД застанале на страната на Израел против притисокот да се запре војната против Хамас, но дека има и одредени несогласувања меѓу двете земји.

– Да, меѓу нас и Вашингтон има несогласувања во однос на процесот по војната. Сепак, се надеваме дека и за ова прашање можеме да постигнеме заедничко разбирање – заклучи Генделман.