Бројот на загинати во израелските напади во Газа се искачи на 25

– Бројот на загинати во нападите на Израел во Појасот Газа, кој е под блокада, се искачи на 25.

Министерството за здравство во Газа објави писмено соопштение во врска со загинатите и повредените како резултат на израелските напади.

Според соопштението, бројот на загинати Палестинци во нападите што Израел ги врши од 9 мај досега во Газа се зголеми на 25, додека бројот на повредени порасна на 76.

Во писменото соопштение на воениот огранок на движењето Исламски џихад се потврдува дека Али Хасан Гали, одговорен во одделот за ракети, е убиен во израелските напади.

Од ова движење претходно соопштија дека во нападите на Израел загинале тројца високи претставници од нивниот воен кадар.