Бројот на загинати во поплавите во Грција се искачи на 11: Маж одбил да го напушти својот дом и покрај молбите на сопругата
Телото на мажот плутало во Егејското Море, во близина на островот Скијатос каде што било пронајдено во саботата
Во близина на островот Евија, пронајдено е телото на 77-годишен исчезнат маж , со што бројот на жртвите од поплавите во централна Грција се искачи на 11 , соопштија властите.
Наведено е и дека бројот на исчезнати е зголемен на шест, но дека може да има повеќе, пренесува АП.
Како што беше официјално објавено, станува збор за едно од исчезнатите лица во невремето Даниел, од крајбрежното село Палци, на планинскиот полуостров Пелион, кој се наоѓа помеѓу Егејското Море на исток и заливот Пагаситикос на запад. .
Тој одбил да го напушти својот дом и покрај молбите на неговата сопруга, која се евакуирала поради невремето .
Телото на мажот плутало во Егејското Море, во близина на островот Скијатос каде што било пронајдено во саботата, соопштија властите.
Областа на Пелион, во југоисточниот дел на Тесалија во централна Грција, забележа најголема количина на врнежи досега во последните 24 часа од почетокот на мерењата, со повеќе од 754 милиметри дожд на метар квадратен.
Метеоролозите соопштија дека оваа количина на врнежи е забележана од полноќ меѓу понеделник и вторник во селото Загора.
Невремето „Даниел“ и поплавите кои следеа предизвикаа големи штети на домаќинствата и инфраструктурата, кои според надлежните се мерат во милијарди евра.