Бројот на мртви сè уште расте: Црн биланс од разорниот земјотрес во Мароко, лошите вести продолжуваат

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди планините Висок Атлас.

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Мароко пред три дена се искачи на 2.862, објави вечерва државната телевизија.

Расте и бројот на повредени, кои сега достигна 2.562, според извештајот, пренесе Ројтерс.

Потсетуваме, земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди планините на Висок Атлас, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.