Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми на 50.082

– Најмалку уште 61 Палестинец е убиен во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година се искачи на 50.082, соопшти денес Министерството за здравство.

Во соопштението на Министерството се вели дека во изминатите 24 часа од урнатините биле извадени четири тела.

Министерството соопшти дека уште 134 повредени лица се пренесени во болниците, со што бројот на повредени во израелските напади изнесува 113.408.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

Израелската армија уби повеќе од 700 Палестинци и повреди над 1.000 лица откако започна ненадејна воздушна кампања врз Газа минатиот вторник, со што беше прекршен договорот за прекин на огнот и за размена на заробеници што беше на сила од јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.