Брутален нокаут во Октагон 59: Детелинка го „патосираше“ ривалот за 14 секунди, лекарите мораа да го оживуваат (Видео)
Брутален нокаут!
Видовме спектакуларна втора борба на Октагон 59 , каде Милан Детелинка со брутален нокаут го победи Ондреј Рашка.
Публиката во „Пежо Арена“ не стигна ни да го види натпреварот како што треба, бидејќи заврши по само 14 секунди!
Детелинка погоди со разорно десно кроше, Рашка се најде на подот, а потоа следеа неколку удари „чекан“, а судијата мораше да го прекине натпреварот.
Предупредување, видеото содржи вознемирувачка содржина.
👊🏼 14 SECOND KNOCKOUT
— OKTAGON MMA (@OktagonOfficial) July 21, 2024
Milan Ďatelinka 🇸🇰 scored a highlight reel finish in his promotional return last night at OKTAGON 59: Summer Party.
Strikes don’t come much cleaner than that! pic.twitter.com/3ix69MnLz8
Не долго потоа, во салата завладеа тишина, додека Чехот лежеше неподвижен и онесвестен.
Набрзо таму се појавиле медицински работници, а Рашка по околу две минути пружање помош и реанимација едвај се освестил, а потоа на носилки бил пренесен во болница.
По овој нокаут, Детелинка полуде околу рингот од среќа, скокаше, правеше салто и славеше триумф со Павел Неруда, првиот човек на октагонот.