БРУТАЛЕН РУСКИ НАПАД НА ОДЕСА! Војската на Путин предизвика експлозии и пожари низ цела Украина – Шокантни сцени (ФОТО/ВИДЕО)
Уште еден шокантен напад на руската армија
Во текот на претходната ноќ руските сили извршија напад со дрон врз Одеса, Украина, при што беа повредени три лица, меѓу кои мајка и дете.
Речиси три часа на терен беа единиците за воздушна одбрана (ПВО) на Украина. Еден дрон е уништен во областите Николаев и Кировоград. Сепак, непријателот ги концентрираше главните напори на нападите врз Одеса. Беспилотните летала „камикази“ навлегоа на територијата на критично ниска надморска височина од Црното Море – соопштија Јужните одбранбени сили на Украина.
Во соопштението се наведува и дека на приодот кон брегот во областа Одеса биле соборени 11 беспилотни летала и дека најголемиот дел од авионите паднале во Црното Море, но остатоците од неколку соборени дронови и ударниот бран оштетиле станбени згради, продавници и приватни автомобили, пренесува украински Униан.
At night, three people were injured due to a massive drone attack in Odessa , including a #child.
— Piotr Kulak (@KulakPiotr) January 17, 2024
Air defense units worked for almost 3 hours. Kamikaze drones entered at a critically low altitude from the Black Sea.
In the Odessa region, 11 #drones were shot down on approach… pic.twitter.com/DqqHBOKZUs
Пожарите избувнаа низ целиот град, изгореа станови и автомобили на цивили, додека од една зграда беа евакуирани вкупно 130 лица. Украинските воздухопловни сили открија и руски беспилотни летала во регионите Дњепропетровск, Керсон и Суми.
Во вторникот, две руски ракети погодија станбена зона во центарот на украинскиот град Харков, при што беа повредени 17 лица, од кои двајца потешко, а тешко беа оштетени домовите, соопштија локалните власти.
No longer entertaining fantasies of military gains, Russia continues raining Iranian drones onto residential areas on the southern coast of Ukraine.
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) January 17, 2024
Overnight, Odesa apartment buildings and cars were damaged around the city. There are victims. pic.twitter.com/4LTZiAelX6
Градоначалникот на Харков опиша две „моќни експлозии“ и рече дека најмалку 10 станови се оштетени, додека спасувачките екипи трагаат по други повредени луѓе во урнатините, пишува Ројтерс.
Another shaheed attack at #Odesa.
— OscarDomesticated (@OscDomesticated) January 17, 2024
Another residential building hit.
It was late at night, people are in bed seeing their dreams. Most of the drones were taken down but not all of them.
An hour ago there was also a russian missile, targeting Odesa region. pic.twitter.com/WCFFZjYWu2
Украинската служба за итни случаи објави во врска со нападот на платформата Телеграм дека руска ракета погодила трикатна зграда во која претходно бил сместен медицински центар.