Поранешниот репрезентативец на Југославија доживеал срцев удар додека вечерал во ресторан, лекарите се бореле да му го спасат животот!

Тренерот на Голден Стејт доживеа срцев удар.

Шокантна вест пристигна од Америка. Српскиот тренер и поранешен југословенски кошаркар Дејан Милојевиќ доживеал срцев удар за време на вечерата во ресторан, но неговата состојба моментално е стабилна.

Информацијата е потврдена за белградски Телеграф, а според дополнителни информации му се слошило во Солт Лејк Сити каде што тимор на Голден Стејт каде што тој е еден од помошниците на тренерот допатувале на натпреварот со Јута. По ударот тој итно бил пренесен во болница.

Откако информацијата се прошири во јавноста на социјалната мрежа „Х“, се огласија легендарниот тренер Александар Петровиќ и поранешниот клуб на Милојевиќ, шпанската Валенсија.

Дејане, држи се, напиша Петровиќ.

Шпанскиот клуб му посака брзо закрепнување на српскиот тренер.

Нашиот поранешен играч Дејан Милојевиќ итно е опериран по срцевиот удар во Солт Лејк Сити. Дејан сега е помошник тренер на Голден Стејт Вориорс. Среќно и брзо закрепнување.