БРУТАЛЕН РУСКИ НАПАД НА ОДЕСА! Војската на Путин предизвика експлозии и пожари низ цела Украина – Шокантни сцени (ФОТО/ВИДЕО)

Уште еден шокантен напад на руската армија
Во текот на претходната ноќ руските сили извршија напад со дрон врз Одеса, Украина, при што беа повредени три лица, меѓу кои мајка и дете.

Речиси три часа на терен беа единиците за воздушна одбрана (ПВО) на Украина. Еден дрон е уништен во областите Николаев и Кировоград. Сепак, непријателот ги концентрираше главните напори на нападите врз Одеса. Беспилотните летала „камикази“ навлегоа на територијата на критично ниска надморска височина од Црното Море – соопштија Јужните одбранбени сили на Украина.

Во соопштението се наведува и дека на приодот кон брегот во областа Одеса биле соборени 11 беспилотни летала и дека најголемиот дел од авионите паднале во Црното Море, но остатоците од неколку соборени дронови и ударниот бран оштетиле станбени згради, продавници и приватни автомобили, пренесува украински Униан.

Пожарите избувнаа низ целиот град, изгореа станови и автомобили на цивили, додека од една зграда беа евакуирани вкупно 130 лица. Украинските воздухопловни сили открија и руски беспилотни летала во регионите Дњепропетровск, Керсон и Суми.

Во вторникот, две руски ракети погодија станбена зона во центарот на украинскиот град Харков, при што беа повредени 17 лица, од кои двајца потешко, а тешко беа оштетени домовите, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на Харков опиша две „моќни експлозии“ и рече дека најмалку 10 станови се оштетени, додека спасувачките екипи трагаат по други повредени луѓе во урнатините, пишува Ројтерс.

Украинската служба за итни случаи објави во врска со нападот на платформата Телеграм дека руска ракета погодила трикатна зграда во која претходно бил сместен медицински центар.