БРУТАЛНА ПОРАКА НА КИНА ДО АМЕРИКА: „Вие го заземате првото место во светот…“

Пентагон неодамна собори кинески балон тврдејќи дека Кина го лансирала за шпионски цели.

Соединетите Американски Држави се на прво место во светот кога станува збор за следење на други земји, изјави Ванг Венбин, официјален претставник на кинеското Министерство за надворешни работи.

Кога станува збор за мониторинг на државно ниво, сакаме да нагласиме дека САД се број 1 во светот. И меѓународната заедница, вклучително и Европа, има лично искуство во оваа работа – рече Ванг.

Тој истакна дека од 1997 година американската војска инвестирала милијарди долари во истражување и развој на разузнавачки аеростати. Според неговите зборови, во текот на минатата година Американците ја смениле намената на тие аеростати за воени цели.

Тие сега можат да носат воена опрема што може да се користи за следење на кинески и руски хиперсонични крстосувачки ракети.

Да потсетиме дека Пентагон неодамна собори кинески аеростат, тврдејќи дека Кина го лансирала со цел за шпионажа, додека Пекинг инсистира дека станува збор за цивилна метеоролошка сонда.