Брутално искрен! Аца Лукас ги осуди Лук Блек и контроверзната група „Let 3“ – неговата изјава го ,,здрма” Балканот

Синоќа се одржа финалето на најголемото музичко натпреварување Евровизија 2023, на кое победи Шведска.

Фолкерот Аца Лукас вчера одржа концерт во Загреб, а ја искористи приликата да ги коментира овогодинешните евровизиски претставници, а особено се осврна на групата „Let 3“ која ја претставуваше Хрватска и српскиот претставник Лук Блека.

– Сега сум сигурен во мојата популарност во Загреб. Се чувствувам одлично и едвај чекам да излезам на сцена – изјави за „Јутарњи.хр“ пред концертот, а потоа ги коментираше учесниците на Евровизија.

– Не се знае која е полоша песна, наша или хрватската. Хрватската е помала трагедија од нашата. Таа манифестација стана сосема безидејна, што е ова – не знам. Се сеќавам на Аbbа, Молитва, на Марија Магдалена. Ова е хорор – рече Лукас.