Брутално убиство на дете во Холивуд: Имала само 10 години кога нејзиниот татко ги убил неа и нејзината мајка, а потоа ги запалил (фото)

Американската актерка Џудит Барси имаше само десет години кога нејзиниот живот беше брутално згаснат, а нејзината смрт остана запаметена како една од најшокантните во Холивуд. Нејзиниот татко ја убил неа и нејзината мајка, а потоа си го одзел животот во 1988 година.

Џудит беше една од најуспешните деца актери кога беше застрелана, а потоа запалена во гаражата на нејзината семејна куќа.

Џудит Барси глумеше во култните филмови „Канџи: Одмазда“, „Сите кучиња одат во рајот“, „Земјата на далечното минато“ и многу други и заработуваше по сто илјади долари годишно.

Нејзината мајка ја вовела во светот на актерството кога имала само пет години, а благодарение на нејзините актерски достигнувања, семејството набрзина купило нова куќа во Лос Анџелес и сите услови за мирен живот, но зад сето тоа се криела мрачна приказна.

Нејзиниот татко Џозеф бил зависник од алкохол, имал големи проблеми со полицијата и насилничко однесување, а во неколку наврати се заканувал дека ќе се убие себе си и членовите на семејството и ќе им го запали домот, поради што сопругата го пријавила.

Девојчето еднаш открила дека и’ фрлал кујнски прибор, а морала да зема и хормонски инјекции бидејќи била ниска за своите години, односно била висока само 112 сантиметри. Сето тоа имаше шокантно влијание врз Џидит, таа наеднаш почна да се здебелува и си ги вадеше трепките.

Таа посетила психолог за што полесно да се справи со стресната ситуација и се преселила со нејзината мајка во посебен стан, но локалниот центар за социјални услуги заклучил дека нема причина за вистинска загриженост.

Сепак, тоа беше фатална грешка бидејќи набрзо беа пронајдени три тела, кои им припаѓаа на малата Џудит, нејзината мајка и татко, кој конечно решил да ги реализира неговите црни закани.

– Не можеме да го спасиме секое дете – изјави тогаш Џудит Барси, вработена во Центарот за социјална заштита.