БРУТАЛНО ЈА УБИЛЕ ЌЕРКАТА на оваа жена па решила да се одмазди: Ги ловела еден по еден, а полицијата се уште не разбира како сето тоа го направила сама – нејзиниот начин стана легендарен

Ретко кој не би се согласил дека кога се зборува зборот мајка треба да се стане. Иако ова понекогаш звучи претерано, сепак во одредени ситуации сите мајки заслужуваат ваква почит. А Миријам Родригез заслужува повеќе од тоа.

Имено, сите знаеме дека Мексико е земја со голем број киднапирања, а во јануари 2012 година, дваесетгодишната Карен Родригез била киднапирана кога бандити упаднале во нејзиниот автомобил, а нејзините останки биле пронајдени дури по 20 месеци.

Нејзината мајка Миријам Родригез побарала од властите и од полицијата да ги изведат криминалците пред лицето на правдата. Сепак, тие не направиле ништо иако претпоставувале за кој нарко картел станува збор.

Мајка се одмаздила за смртта на својата ќерка

Таа реши да ги лови убијците на нејзината ќерка еден по еден низ Мексико додека не ги ликвидира или не ги стави во затвор. Таа ја шишала и бојадисала косата и се маскирала во интервјуер, социјален работник и здравствен работник. За време на тој процес таа се спријателила со нивните роднини. Таа собирала се повеќе информации за членовите на бандата. Преку лажни идентитети и документи успеала да дојде до првиот член на бандата кој е одговорен за убиството на младата Карен.

Успеала да го пронајде во близина на мексиканско-американската граница каде продавал очила за сонце, успеала да го задржи со пиштол и да ја чека полицијата која понатаму го презела случајот. На судењето изјавила дека не се плаши од смртта, бидејќи умрела на денот кога дознала дека ќерка и е убиена. Тоа беше само почеток на нејзината тригодишна сложена истрага во која успеа да изведе десет од нив пред лицето на правдата, а на крајот беа откриени сите инволвирани.

Убиена во картелска одмазда

Поради се што се случило, Миријам (56) била убиена со 12 куршуми пред нејзината куќа на Денот на мајката во 2017 година, што било јасен знак дека картелот се одмаздил и ја чекал совршената прилика. Тој ден избувнаа протести низ Мексико.

Полицаецот кој ја водел истрагата изјавил: “Никогаш во животот не сум видел толкава храброст и интелигенција кај една личност. Таа собра многу детали и информации – сама по себе, навистина е неверојатно. Уште поневеројатно е што успеа да го направи сето тоа како обичен цивил во тие години“.

Во нејзиниот роден град Сан Фернандо, Миријам е поздравена како херој.