Бугарија протера тројца претставници на Руската православна црква

– Бугарија вчера го протера Васијан Змеев, бугарскиот претставник на Руската православна црква, и двајца негови колеги, кои исто така се белоруски државјани.

Бугарската државна агенција за национална безбедност објави соопштение во кое се вели дека трите лица вршеле активности против националната безбедност и интересите на Бугарија.

„Добиени се информации за постапките на овие лица во врска со спроведувањето на различни елементи од хибридната стратегија на Руската Федерација со цел намерно влијание врз општествено-политичките процеси во Република Бугарија во корист на руските геополитички интереси“, се наведува во соопштението.

Укинати им се нивните дозволи за престој и им е забранет влез во земјата во времетраење од пет години.

Белорусија се смета за еден од главните сојузници на Русија, особено во услови на тековната војната во Украина, што трае скоро 19 месеци.

Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, го осуди потегот и рече дека тројцата свештени лица биле депортирани со ставање во возило во кое се превезувале шверцери.

„Ова е практика без преседан. Црквата е одвоена од државата. Како може свештенството да ја загрози националната безбедност? Невозможно е да се разбере. Тие буквално ни плукнаа в лице“, рече таа.

Змеев пет години беше претставник на Руската православна црква во главниот град Софија. Минатата година рускиот патријарх Кирил ја додаде Северна Македонија во областа на одговорност на Змеев.

Минатата недела, Северна Македонија ги прогласи Змеев и тројца руски дипломати кои работат во Руската амбасада во Скопје за персона нон грата.