Бугарската принцеза преку ноќ се претвори во Рамбо, фрчат бицепси и трицепси, Калина крева тегови, мускулите и се како планина, сите ја гледаат зачудено (Фото)
Кога ќе помислиме на принцеза, ликот на бугарската принцеза Калина сигурно не би бил во нашите очи, мора да признаеме дека е единствена, не дозволува никој да ѝ диктира како ќе го живее животот, а тоа го покажува.
Принцезата Калина од Бугарија е родена на 19 јануари 1972 година во Мадрид, како петто дете и единствена ќерка на кралот Симеон II и неговата сопруга Маргарита. Иако Калина ретко се појавува во јавноста и малку се знае за нејзиниот живот, тоа не го менува фактот дека нејзиниот живот е доста интересен.
Нејзиниот татко Симеон станал крал на Бугарија во 1943 година во средината на Втората светска војна. Меѓутоа, тој во тоа време бил малолетен , а царските должности ги извршувало тричлено вицекралство, но веќе следната година се случил државен удар и комунистите ја презеле власта. На референдумот беше изгласано дека народот сака да продолжи да живее во републиката, па семејството мораше да ја напушти Бугарија.
На почетокот на шеесеттите години на минатиот век, кралот Симеон се оженил со Маргарита Гомез-Ацебо, со која ги добил синовите Кардам, Кирил, Кубрат и Константин и ќерката Калина.
Како што веќе рековме, малку се знае за животот на Калина, но се знае дека таа завршила престижни училишта и зборува неколку светски јазици. Сепак, за разлика од она на што сме навикнати кога се во прашање кралските семејства, Калина не го следи протоколот.
Кога станува збор за нејзиниот стил, таа често избира необични парчиња облека и има многу специфичен стил, а често ги менува и фризурите.
Познато е и дека Калина не јаде ништо од животинско потекло, односно дека е веганка и многу се грижи за својот изглед, што го покажува нејзината фигура. Имено, судејќи по фотографиите на кои се гледа дека принцезата има мускулести раце, може да се заклучи дека напорно работи во теретана .
Посветена сум на тренирањето со тегови и здравјето на телото, спортист сум, изјави принцезата за „Ел Мундо“.
Покрај мускулите, она што сите веднаш го забележаа кај принцезата Калина беше и нејзиниот нос. Иако многумина мислат дека овој изглед на нејзиниот нос е резултат на пластична операција, сепак тоа е нешто друго.
Имено, Калина при падот се здобила со навидум полесна повреда која довело до скршеници на забите. За време на санирањето на повредата на забот, се развила инфекција во вилицата, а третманот вклучувал сериозна операција за да се спречи нејзиното ширење. Сето тоа имаше големо влијание врз моменталниот изглед на нејзиниот нос.
Принцезата Калина на 26 октомври 2002 година се омажила со Антонио Хозе (Китин) Муњоз и Валкарсел, познат шпански морепловец и истражувач. Сопругот на Калина е 14 години постар од неа, а иако се венчаа во Римокатоличката црква во Царска Бистрица, Антонио и Калина добија благослов од православната црква.
Тие во 2007 година добија син кој Калина го крсти по нејзиниот татко Симеон. Она што е интересно е дека Симеон е роден во Софија како прв член на бугарското кралско семејство роден во Бугарија од 1937 година. Интересен е и податокот дека момчето било крстено по православни обичаи.