Бугарскиот премиер: „Можеме да не влеземе во еврозоната ниту на 1 јануари 2025 година“

Инаку, оваа земја се откажа од воведувањето на еврото во јануари 2024 година минатата година, поради високата стапка на инфлација и законските регулативи.
Бугарскиот премиер Николај Денков изјави дека „можно е неговата земја да не влезе во еврозоната на 1 јануари 2025 година“, како што е планирано.

Денков за бугарското радио Дарик изјави дека целниот датум за воведување на еврото во Бугарија „не е свето“.

  • Она што е свето не е датум, туку да се има јасна насока и да се работи на него. Ова е добро за бизнисот, добро за граѓаните, добро за контролата на финансиските институции – изјави бугарскиот премиер и нагласи дека владејачката коалиција прави се што може за да го забрза процесот на пристапување на Бугарија во еврозоната, пренесува Политико.

Минатата година оваа земја се откажа од воведувањето на еврото во јануари годинава, бидејќи стапката на инфлација во таа земја не го исполнува стандардот и допрва треба да се спроведат одредени законски измени.

Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, минатиот февруари изјави дека Бугарија ќе влезе во еврозоната „кога ќе ги исполни сите критериуми“ и дека 1 јануари 2025 година е „еден од можните датуми“ за тоа.