БУРАТА “ХАНС“ НОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ! Силно невреме ги погоди Шведска и Норвешка, куќите и патиштата под вода: “Ова може да биде најлошото во последните 25 години!“

Бурата „Ханс“ донесе бури и обилни дождови во Шведска и Норвешка, некои патишта се под вода, а имало и прекини во железничкиот и морскиот сообраќај.

Во Шведска во неделата се забележани повеќе од 25.000 удари од гром. Во Малме имало краток прекин во снабдувањето со електрична енергија, поради што повеќе од 5.000 луѓе останале без, објави телевизијата SVT.

Според информациите на тамошните медиуми, повеќе куќи и подруми се поплавени во областа Вастернорланд на северот од земјата.

Норвешките метеоролози очекуваат влошување на ситуацијата во земјата и предвидуваат дека „Ханс“ може да стане најсилната бура во земјата во последните 25 години.

Норвешкиот метеоролошки институт, кој ја именуваше бурата со име – „Ханс“, издаде силни предупредувања за големи делови од јужна Норвешка кои ќе бидат во сила до вторник навечер.

Некои општини се предупредени и за можни одрони, а властите ги советуваа луѓето да работат од дома.

Очекувајќи силни ветрови, забавниот парк „Конгепаркен“ во близина на Ставангер веќе објави дека ќе остане затворен во вторник.