Буркина Фасо и Мали распоредија воени авиони во Нигер, објави нигериската ТВ РТН.
Како што пренесува Анадолија, тие соседни земји испратиле воена опрема во Нигер за да им помогнат на нигериските пучисти да одбијат евентуален напад.
Се додава дека Мали и Буркина Фасо тврдат дека на овој начин ги спроведуваат своите обврски наведени во заедничката изјава за солидарност со Нигер. Во тој документ, на 31 јули, тие изразија солидарност со народот на Нигер, предупредувајќи дека секоја воена интервенција во Нигер ќе ја сметаат за објава на војна против Мали и Буркина Фасо.
Претходно, блокот на западноафриканските земји ЕКОВАС соопшти дека е подготвен за воена интервенција во Нигер доколку се издаде таква наредба. Таа одлука е донесена по дводневниот самит на министрите за одбрана на Западна Африка во Акра, главниот град на Гана